/ Прочитано:

2.782

Значително намалени судските такси за подостапна правда до граѓаните

„Судските такси значително се намалуваат. Со тоа правдата станува подостапна за граѓаните“, истакна денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ. Тој прецизираше дека со новите законски измени судските такси се намалуваат за осумпати.

„Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, образложи министерот.

Тој нагласи дека намалените судски такси ќе ги мотивираат граѓаните почесто да се обраќаат до судовите

Инаку, со законските измени за судските такси се врши  градација на висината на судската такса што ја плаќа таксениот обврзник за поднесување на тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапката во зависност од тоа дали истиот е правно лице или физичко лице.

Со Законот за судските такси се уредува плаќањето на судските такси за дејствија пред судовите во Република Македонија и Таксената тарифа, која е составен дел на овој закон.

Такси се плаќаат во:парничната постапка; вонпарничната постапка;извршувањето;кривичната постапка поведена по приватна тужба и по барање на супсидијарен тужител; постапката по управните и управно-сметководните спорови;постапката за упис во регистри што ги води судот;стечајната постапка и постапката за ликвидација;постапката по барања за преиспитување на решение за прекршок и други случаи предвидени во Таксената тарифа.

Законските измени за намалување на судските такси на собраниска седница

Законските измени за намалување на судските такси во собраниска процедура

Усвоени законски измени за намалување на судските такси

М.В