/ Прочитано:

927

ЗНМ поднесе претставка до МВР во врска со инцидентот во Собранието

Среда, 26 декември 2012 – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола при МВР за утврдување одговорност кај собраниското обезбедување поради исфрлувањето на новинарите од галеријата на собраниската сала.

„Денеска доставивме претставка до МВР со која бараме од МВР да го открие идентитетот на лицето кое нареди да се користи сила против новинарите во Македонија без никаков основ  и секако инсистираме да се отвори постапка и да се санкционира. Исто така, слична постапка бараме и за припадниците на обезбедувањето кои беа вмешани во користењето на насилство врз новинарите. Веруваме дека во МВР, најголем број од полицајците се професионалци и ќе го препознаат непрофесионалното однесување на нивните колеги. Очекуваме да се дистанцираат од нив и да се санкционираат. Штетата е направена, сега на потег се институциите да го спасат нивниот образ и образот на земјата пред светот“ изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.