/ Прочитано:

833

ЗНМ, ССНМ и МИМ бараат да се повлече Законот за медиуми

Среда, 30 мај 2013 – Барање да се повлече Нацрт – законот за медиуми, но и забелешки за сите негови пропусти, поднесоа денеска Здружението на македонски новнари (ЗНМ) заедно со Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) до Министерството за информатичко општество.

Конкретните забелешки на новинарските здруженија се содржани во 46 точки, а меѓу најспорните како што велат од ЗНМ се општите одредби во Законот, поставеноста на регулаторот, како и решенијата за јавниот сервис.   Велат сите тие се косат со европските стандарди по кои се изготвува овој Закон.   Од Синдикатот на новинари велат дека по поднесувањето на забелешките очекуваат овој пат Министерството за информатичко општество да ги повика за консултации што не беше случај кога се изготуваше се уште актуелниот Нацрт закон. Велат доколку Законот остане ваков каков што е ќе предизвика проблеми и онаму каде што до сега ги немало.   За актуелниот Нацрт закон за медиуми до сега неколку пати покрај домашните, реагираа и странските експерти кои најголеми забелешки имаа за транспарентноста на регулаторот, работата на Агенцијата за медиуми, а повеќето од нив бараа дури и целосно повлекување на овој закон.