/ Прочитано:

985

Зоран Божиновски ги отфрла обвинувањата кои му се стаат на товар. Одбраната бара укинување на притворот

Според информациите што ги добило Здружението на новинари од адвокатите што ги ангажираше за застапување на Божиновски, новинарот во својата изјава пред судијата на претходна постапка категорично ги отфрлил сите наводи на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дека е сторител на кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Зоран Божиновски

Денеска, дваесет дена откако беше екстрадиран во земјава, новинарот Зоран Божиновски по вторпат е изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, во врска со кривичните дела за кои е осомничен.

Пред две недели, Божиновски, исто така, беше спроведен во Судот од притворското одделение во затворот во Шутка, пред судија на претходна постапка кој го информирал за истрагата која се води против него. Тогаш, како што информираа од Кривичниот суд, Божиновски побарал дополнително време за да се подготви, поради што беше одложено планираното сослушување.

Божиновски е осомничен во случајот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон. Тој се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување од чл. 394 ст. 2, шпионажа од чл. 316 ст. 3 в.в со чл. 45 од КЗ и кривично дело уцена од чл. 259 ст. 2 в.в ст. 1 в.в со чл. 19 д КЗ.

Постапката за Божиновски се води по стариот Закон за кривична постапка (ЗКП).

Според информациите што ги добило Здружението на новинари од адвокатите што ги ангажираше за застапување на Божиновски, новинарот во својата изјава пред судијата на претходна постапка категорично ги отфрлил сите наводи на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дека е сторител на кривичните дела кои му се ставаат на товар.

„Тој ги изнел и причините поради кои смета дека Обвинителството не располага со докази со кои може да ги потврди наводите изнесени во барањето за спроведување на истрага. Предметот на Божиновски е сè уште во фаза на истрага“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

По завршување на распитот, одбраната поднела предлог за укинување на притворот. Притворот за Божиновски е определен во ноември 2013 година и тој веднаш по испорачувањето од Нови Сад, каде што беше уапсен од српската полиција, беше спроведен на издржување на мерката 30 дневен притвор.

М. С.

Новинарот Божиновски изведен пред суд. Побарал одложување на сослушувањето за да се запознае со предметот

Новинарот Зоран Божиновски, осомничен во „Шпион“, е предаден на македонските власти