/ Прочитано:

1.641

Зврлевски се сретна со романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, целта на посетата на Ковеси била запознавање со работата на Обвинителството и размена на искуства.

Марко Зврлевски на средба со романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси

Местото на Националниот директорат за антикорупција во системот на Република Романија соодветствува со организациската поставеност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во нашата земја. Ова го заклучиле јавниот обвинител Марко Зврлевски и Лаура Кодрута Ковеси, главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија која деновиве престојува во земјава.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, целта на посетата на Ковеси била запознавање со работата на Обвинителството и размена на искуства.

Лаура Кодрута Ковеси утре ќе учествува на конференцијата со наслов: „Ефикасна борба против високата корупција: Прашање на личност или на систем“.

Покрај романската обвинителка, на конференцијата ќе се обрати и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и министерот за правда, Аднан Јашари.

На конференцијата, покрај другите, ќе зборува и Катица Јанева, јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.