Академик ДООЕЛ Скопје е компанија којашто е посветена на креирање и продажба на производи од областа на правото.
Во процесот на развивање на своите производи, Академик се води од јасна визија – да го олесни правното работење и да придонесе за успехот на своите корисници. Нашата мисија е да обезбедиме брз, едноставен и сигурен пристап до сите потребни правни информации и ресурси за субјектите од различни сектори – приватниот, државниот и граѓанскиот сектор.
Преку сеопфатната и дневно ажурирана збирка на прописи „Академика“ (akademika.mk) корисниците добиваат пристап до целокупното важечко законодавство на Република Северна Македонија.
Дополнително, Академик е издавач на стручна правна литература и организатор на практични обуки на правни теми поврзани со секојдневното работење на нашите корисници.
Нашите корисници се најдобрата потврда за квалитетот што го нудиме. Производите и услугите на Академик се дел од секојдневната работа на бројни организации и поединци, кои се потпираат на нивната точност, практичност и достапност.
Нивното задоволство и доверба се наш најсилен поттик постојано да го унапредуваме нашето портфолио и да создаваме уште поголема вредност за правната заедница во Македонија.