На 09.07.2026 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Во примена новиот закон и подзаконските акти за канцелариско и архивско работење – обврски, постапки и практична примена“.
Онлајн обуката „Канцелариско и архивско работење согласно новата законска регулатива – обврски, постапки и практична примена“, во организација на Академик, ќе ве воведе во новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, кој започна да се применува на 1 јуни 2026 година. Особен акцент на обуката е ставен на новините што ги нуди законот во споредба со досегашната правна рамка во оваа значајна област со која се уредува управувањето со документите на сите јавни и приватни правни лица во Македонија. На обуката ќе добиете детални информации и за новините во подзаконските акти, донесени врз основа на овој закон, и тоа, Уредбата за канцелариско и архивско работење, како и Правилникот за формата, содржината, начинот на водење и одржување и начинот на управување со информацискиот систем за канцелариско и архивско работење, донесени на 25 јуни 2026 година.
Во текот на обуката посебно ќе биде обработен сегментот на управувањето со дигиталните документи, нивното чување и предавање на јавниот архивски материјал во електронска форма во Државниот архив, како и усогласеноста на новите законски норми за електронски документи со европските и светските стандарди во оваа област. Ќе добиете и сеопфатна информација за сите неопходни техники за управување со хартиени и електронски документи во канцелариското и архивското работење, како столб за заштита на документите што ги создаваат правните лица и како извор на институционалната и колективната меморија на нашето општество.
Посебен дел од обуката е посветен на законските одредби со кои се уредуваат правата и обврските на приватните правни и физички лица во канцелариското и архивското работење, со осврт на новините во Законот за архивски материјал и архивска дејност кои се однесуваат на приватните иматели на архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата.
Оваа значајна обука која е неопходна за секое правно лице, ги покрива сите сегменти на канцелариското и архивското работење, како на имателите на јавен архивски и документарен материјал, така и на приватните правни лица, но и на физичките лица со јавни надлежности.
Кои ќе бидат темите на обуката?
Преку оваа обука:
- ќе ве запознаеме со суштинските новини во Законот за архивски материјал и архивска дејност, преку темелна анализа на клучните измени кои се однесуваат на обврските на јавните и приватните правни лица во процесот на управување со документацијата,
- ќе ве воведеме во деталните техники на деловодничкото работење,
- ќе ви ги презентираме моделите на безбедно движење на документите во текот на работните процеси во канцелариското работење,
- ќе добиете насоки за креирање политики за управување со документите и валоризација на документите, преку дефинирање на листи на документи од трајна вредност (историски документи) и листи на документи со рокови на чување,
- ќе ви дадеме насоки за безбедно чување и заштита на документите во архивското работење,
- ќе ве запознаеме со спецификите и предностите на електронското управување со документи во канцелариското и архивското работење и
- ќе ви ги презентираме законските норми за обезбедување отчетност и транспарентност во работењето преку почитување на законските норми за достапност на службените документи.
Обуката е наменета за службените лица кои работат на техничка обработка на документите во кацелариското и архивското работење, како и за раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.
Предавач
Сузана Стамболиска – експерт за канцелариско и архивско работење, со над 20 години работно искуство во оваа област и поранешен раководител на Одделението за инспекциски надзор во Државниот архив – виш инспектор за архивски материјал.
Агенда
Обуката содржи четири клучни компоненти, и тоа: (1) Нова правна рамка за управување со документите; (2) Подзаконски акти за канцелариско и архивско работење, (3) Техники на канцелариско и архивско работење, и (4) Електронско управување со документи.
- Анализа на новините во Законот за архивски материјал и архивска дејност, и нивното влијание врз обврските на правните лица (јавни и приватни) во управување со документите:
-
- нови поими и дефиниции во правната регулатива за управување со документи,
- општи обврски за канцелариско и архивско работење (за јавни и за приватни правни лица),
- права и обврски/регистар на иматели на јавен архивски и документарен материјал,
- права и обврски/регистар на иматели на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата,
- права и обврски на иматели на приватен архивски и документарен материјал, кои не се од посебен интерес за државата,
- електронски архивски и документарен материјал,
- инспекциски надзор во јавниот и приватниот сектор,
- предавање на архивски материјал во Државен архив (јавен/приватен од посебен интерес за државата),
- право на користење на архивскиот материјал од страна на граѓаните.
- Подзаконски акти за канцелариско и архивско работење
-
- анализа на новата Уредба за канцелариско и архивско работење,
- анализа на новиот Правилник за формата, содржината, начинот на водење и одржување и начинот на управување со информацискиот систем за канцелариско и архивско работење.
- Основни техники на канцелариско и архивско работење:
-
- план на архивски знаци,
- писарница,
- деловодник,
- прием на документи,
- административно-техничка обработка,
- испраќање на документи,
- затворање на завршени предмети.
- архива
- листа на архивски материјал и листа на документарен материјал,
- категоризација на документите,
- средување и обработка на архивскиот материјал,
- уништување на документарен материјал со изминати рокови на чување,
- евиденциски обрасци за архивски и за документарен материјал,
- технички услови за чување на архивски и документарен материјал,
- предавање на јавен архивски материјал и приватен архивски материјал од посебен интерес за државата во Државен архив,
- чување на приватен архивски материјал.
- Електронско управување со документи:
-
- законски норми за електронско управување со документи,
- електронски системи за управување со документи
Цената за учество на обуката
Цената за учество за едно лице е 5.800 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 08.07.2026 година (среда), преку е-пошта akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 071 232 342 и
- +389 071 232 593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Обуката ќе се спроведува преку платформата ZOOM.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.
