На 30 ноември стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се однесуваат на условите за основање и работа на автошколите.
На 13 ноември престануваат да важат одредбите од Законот за вештачење во врска со Собранието на Комората на вештаци.
На 1 ноември стапуваат во примена Правилникот за посебните услови за проектирање, градба и измена на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов, техничка контрола на градбата и изработка на техничко-технолошка документација, технички услови за пловидбеност, испитување за оцена на сообразност, начинот и постапката за утврдување на пловидбеност, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата за градба, за тип, пловидбеност, бучава и емисија на гасови и Правилникот за начинот на одржување и техничка контрола на одржувањето на воздухоплов, мотор, елиса, падобран и опрема на воздухоплов, изработка на техничко-технолошка документација за одржувањето и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверението за исполнување на условите за одржување на воздухоплови.
На 30 ноември стапува во примена Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценцата за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар.
На 1 ноември престанува да важи Правилникот за посебните услови за проектирање и градба на воздухоплов и измена на воздухоплов, мотор, елиса и опрема на воздухоплов, техничка контрола на градбата и изработка на техничко-технолошка документација, испитување за оцена на сообразност и начинот и постапката за утврдување на пловидбеност, како и формата, содржината, евиденцијата и начинот на издавање, продолжување, обновување и промена на уверенијата за градба, за тип, пловидбеност, бучава и емисија на гасови… Целосна листа на прописи чиишто одредби започнуваат да се применуваат или престануваат да важат во месец ноември.