Обука 1 од серијалот „Како да станам газда“: И јас сакам да имам фирма

Академик организира серија обуки „Како да станам газда“, чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Овие практични и интересни обуки ќе понудат кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда. Структуирани во четири теми: И јас сакам да имам фирма, Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, Имате ли 5 минути? и Време е за реклама, обуките ќе ги опфатат сите најважни области од работењето на еден бизнис, а нашите искусни и стручни обучувачи ќе ви ги приближат темите од областа на правото, маркетингот, сметководството и продажбата на разбирлив и јасен начин.

Првата обука од серијалот, насловена И јас сакам да имам фирма, има за цел да ги опфати најважните правни аспекти кои треба да го усогласат бизнисот со важечките закони и да го постават на силна основа која ќе му овозможи раст. Во рамки на програмата за оваа обука, ќе бидат опфатени прашања од основањето, водењето и работењето на една компанија, поделени на следниве теми:

  1. Мојата прва фирма (видови на трговски друштва, белези, постапка за регистрација, отворање банкарски сметки, печати);
  2. Мојот прв инвеститор (пријатели, фамилија и будали (FFF), бизнис ангели, акцелератори, фондови на ризичен капитал, документи во еден инвестициски процес);
  3. Мојот прв вработен (договор за вработување, разлики меѓу вработување и ангажман, работа од дома);
  4. Мојот прв веб-сајт (услови за употреба, политика на приватност, колачиња);
  5. Мојот прв бренд (трговска марка, регистрација, деловна тајна и доверливост);
  6. Мојата прва инспекција (безбедност и здравје при работа, заштита од мобинг, заштита на лични податоци, работни односи);
  7. Мојот прв бизнис (не)успех (што ако фирмата не успее, ликвидација/стечај, што ако фирмата успее – продажба на удел).

Обуката ќе ја спроведе обучувач, адвокат Дејан Алексов, кој, исто така, е овластен регистрационен агент, ко-основач и член на Управниот одбор на Стартап Македонија, автор на it.mk, ментор на Стартап Викенд, Fintech Академија и активен учесник во стартап заедницата, како и учесник во работни групи за подобрување на регулативата за трговски друштва (воведување на конвертибилен заем, закон за бизнис ангели, предлог-иницијатива за воведување друштво со променлив капитал – ДПК). Негова специјализација се регулативата и информатичка технологија; заштита на личните податоци (GDPR); инвестициските постапки за ангели инвеститори, акцелератори и фондови на ризичен капитал; стартап компании и регулатива; FinTech и регулатива (платежни услуги и платни системи, PSD2).

 

ЛокацијаНетавил (https://netaville.mk)

Датум: 29.05.2024 година

Време: од 16:00 до 19:00 часот

Цена: 1.600 ден. со вклучен ДДВ

 

Можете да се пријавите на адресата за е-пошта practicum@akademik.com.mk или да се јавите за дополнителни информации на телефоните:

+389 071232342 и
+389 071232593.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да ги добиете е-материјалите од обуката и е-сертификатот за учество на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.