АКАДЕМИК ОБУКИ: Како да станам газда
Имам бизнис идеја, како да заработувам за убав живот од неа?
За да ви помогнеме да го пронајдете одговорот на ова прашање, Академик организира серија обуки чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда – тоа ќе бидат нашите неконвенционални, практични и интересни обуки од овој серијал. Ќе бидат опфатени сите најважни области од работењето на еден бизнис, ама не мора да сте правник или економист или стручњак за било што, за да ги разберете нашите обучувачи кога ќе ви раскажуваат за правни работи или за сметководство или за продажба или за маркетинг – тие се супер искусни и стручни и ќе ви ги приближат овие теми на разбирлив и јасен начин.
Првата обука, И јас сакам да имам фирма, ќе биде посветена на законските обврски кои произлегуваат од основањето и водењето на компанија. Нашиот обучувач, адвокат Дејан Алексов, партнер во адвокатската канцеларија Алексов и Мемиши, ќе ви каже како да регистрирате фирма, како да отворите сметка во банка, како да ги вработите луѓето, како да ги заштитите нивни лични податоци. Но, најмногу ќе му се допадне доколку вие учествувате во обуката и му ги поставите сите прашањата кои ве мачат. Адвокат Дејан Алексов е секогаш спремен да им помогне на сите млади и сериозни старт-ап претприемачи.
Втората обука, Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, ќе биде за сите оние бројки кои се неопходни да ги разберете доколку сакате да бидете газда. Како парите доаѓаат на сметка, ама и како излегуваат од сметката; зошто мора да го изразам ДДВ-то, а кога не треба, зошто про-фактура, а кога фактура; морам да платам и данок? Нашиот сметководител и сопственик на сметководственото биро Примаконти, г-дин Гоце Кузмановски, целиот работен век се дружи со бројки и сè уште не му здодеало. Слободно поставувајте му прашања како да стигнете до точна и прецизна завршна сметка.
Но, колку и да е квалитетен вашиот производ, ако не знаете како да го продадете и пласирате на пазарот, вашата идеја ќе остане само идеја. Затоа го поканивме г-дин Димитар Јовевски, професор на Економскиот факултет – Скопје и партнер и директор за бизнис развој во Пиксел, на нашата трета обука, Имате ли 5 минути?, да ви даде насока за тоа што сé е потребно да направите за да дојдете до клиенти, да направите успешна продажба, да ги задржите постоечките клиенти.
А, сите оние прашања за тоа како да станете препознатливи со вашиот производ, како да ја искористите модерната технологија во маркетирање на вашиот производ, може да и ги поставите на г-ѓа Верица Мартиновска, сопственик на агенцијата Кликер маркетинг и на г-ѓа Виолета Видоевска, дигитален маркетер во агенцијата Кликер маркетинг, на четвртата обука од овој серијал Време е за реклама.
И јас сакам да имам фирма | 29.05.2024 година, од 16:00 до 19:00 часот |
Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит | 01.06.2024 година, од 12:00 до 14:00 часот |
Имате ли 5 минути? | 05.06.2024 година, од 16:00 до 18:00 часот |
Време е за реклама | 12.06.2024 година, од 16:00 до 18:00 часот |
Локација: Нетавил (https://netaville.mk)
Цена за една обука: 1.600 ден. со вклучен ДДВ
Можете да се пријавите на една, две (добивате 10% попуст), три (добивате 20% попуст), или на сите обуки (добивате 30% попуст), на адресата за е-пошта practicum@akademik.com.mk или да се јавите за дополнителни информации на телефоните:
- +389 071232342 и
- +389 071232593.
Во пријавата за учество на обуките треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да ги добиете е-материјалите од обуката и е-сертификатот за учество на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Очекувајте уште најави за обуки за следните теми што ќе ги разработуваме како дел од овој серијал.