Обука 2 од серијалот „Како да станам газда“: Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит
Академик организира серија обуки „Како да станам газда“, чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Овие практични и интересни обуки ќе понудат кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда. Структуирани во четири теми: И јас сакам да имам фирма, Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, Имате ли 5 минути? и Време е за реклама, обуките ќе ги опфатат сите најважни области од работењето на еден бизнис, а нашите искусни и стручни обучувачи ќе ви зборуваат за темите од областа на правото, маркетингот, сметководството и продажбата на разбирлив и јасен начин.
Втората обука од серијалот, насловена Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, има за цел да ви ја приближи темата сметководство, за кое велат дека е „јазикот на бизнисот“. Водењето бизнис подразбира одговорност, односно бара да бидете во рамки на законската регулатива која ќе го официјализира вашиот успех, па и неуспех. Дали сте успешен или не, ќе се гледа преку презентирање на финансиските извештаи кои се резултат на системско евидентирање на сите ваши деловни потфати, а за сето тоа е неопходно сметководството.
Во рамки на програмата за оваа обука, ќе бидат опфатени следниве прашања:
- Зошто треба да имате сметководител откако ќе отворите фирма?
- Што се даноци?
- Кои видови даноци постојат во нашата држава?
- ДДВ (дали и кога станувам ДДВ обврзник; на колку време се плаќа ДДВ; зошто мора да го изразам ДДВ-то, а кога не треба?…….)
- Што се мора да содржи една фактура?
- Како да правам фактури, во ворд/ексел или мора да имам апликација за изготвување фактури?
- Зошто про-фактура, а кога фактура?
- Данок на добивка (што е добивка, односно профит; кога се плаќа; колку се плаќа; непризнаени трошоци?….)
- Данок на личен доход (што е приход што се оданочува, кој го плаќа, по која стапка?….)
- Акцизи (за кои стоки, кога, колку се плаќа?….)
- Данок на имот, данок на наследство и подарок, данок на промет на недвижности (на кој имот се однесува, кој го утврдува износот, многу ли се плаќа?…..)
- Придонеси од задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено осигурување и уште нешто, што прави голема разлика меѓу бруто и нето плата….)
Обуката ќе ја спроведе овластениот сметководител и сопственик на сметководственото биро Примаконти, г-дин Гоце Кузмановски, кој има долгодецениско и непроценливо искуство во вршењето сметководствени работи.
Локација: Нетавил (https://netaville.mk)
Датум: 01.06.2024 година
Време: од 12:00 до 14:00 часот
Цена: 1.600 ден. со вклучен ДДВ
Можете да се пријавите на адресата за е-пошта practicum@akademik.com.mk или да се јавите за дополнителни информации на телефоните:
+389 071232342 и
+389 071232593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да ги добиете е-материјалите од обуката и е-сертификатот за учество на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.