/ Прочитано:

699

Обука 3 од серијалот „Како да станам газда“: Имате ли 5 минути?

Академик организира серија обуки „Како да станам газда“, чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Овие практични и интересни обуки ќе понудат кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда. Структуирани во четири теми: И јас сакам да имам фирма, Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, Имате ли 5 минути? и Време е за реклама, обуките ќе ги опфатат сите најважни области од работењето на еден бизнис, а нашите искусни и стручни обучувачи ќе ви ги приближат темите од областа на правото, маркетингот, сметководството и продажбата на разбирлив и јасен начин.

Третата обука од серијалот, насловена Имате ли 5 минути?, е специјално дизајнирана да ви помогне да ги развиете и усовршите вашите продажни вештини, да ви ги доближи потребните знаења, техники и тајни за ефективно управување со продажните процеси и за подобрување на вашите перформанси како продавач.

Во текот на обуката, ќе се фокусираме на различни аспекти на продажбата, вклучувајќи ги основните принципи на продажба, психологијата на потрошувачкото однесување, комуникациските вештини, продажните техники и стратегии, управувањето со односи со клиенти, и дигиталната продажба.

Оваа обука е наменета за:

  • продавачи почетници – лица кои штотуку започнуваат со кариера во продажба и сакаат да ги научат основните концепти и вештини за успешна продажба,
  • претприемачи и сопственици на мали бизниси – лица кои сакаат да ги зголемат продажбите на своите производи или услуги и да создадат долгорочни односи со клиентите,
  • маркетинг професионалци – лица кои работат во маркетинг и сакаат да ја разберат поврзаноста меѓу маркетингот и продажбата и како да ги интегрираат овие две функции за подобри резултати.

Без разлика на вашето ниво на искуство или индустрија, оваа обука е дизајнирана да ви помогне да ги постигнете вашите продажни цели и да го зголемите вашиот успех во кариерата. Со учество на оваа обука, ќе добиете практични алатки и техники кои веднаш можете да ги примените во вашата работа, како и можност за континуиран развој и усовршување на вашите продажни вештини.

Во рамки на програмата за оваа обука, ќе бидат опфатени следниве теми:

  • Вовед во продажба
  • Психологија на продажбата
  • Комуникациски вештини
  • Продажен процес
  • Продажни техники и стратегии
  • Онлајн продажба и маркетинг

 

Обуката ќе ја спроведе обучувач, г-дин Димитар Јовевски, професор на Економскиот факултет – Скопје и партнер и директор за бизнис развој во Пиксел.

 

ЛокацијаНетавил (https://netaville.mk)

Датум: 05.06.2024 година

Време: од 16:00 до 18:00 часот

Цена: 1.600 ден. со вклучен ДДВ

 

Можете да се пријавите на адресата за е-пошта practicum@akademik.com.mk или да се јавите за дополнителни информации на телефоните:

+389 071232342 и
+389 071232593.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да ги добиете е-материјалите од обуката и е-сертификатот за учество на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.