Обука 4 од серијалот „Како да станам газда“: Време е за реклама
Академик организира серија обуки „Како да станам газда“, чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Овие практични и интересни обуки ќе понудат кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда. Структуирани во четири теми: И јас сакам да имам фирма, Фактури, трошоци, бројки, бројки, профит, Имате ли 5 минути? и Време е за реклама, обуките ќе ги опфатат сите најважни области од работењето на еден бизнис, а нашите искусни и стручни обучувачи ќе ви ги приближат темите од областа на правото, маркетингот, сметководството и продажбата на разбирлив и јасен начин.
Четвртата обука од овој серијал, насловена „Време е за реклама“, има за цел да ги воведе младите претприемачи во светот на маркетингот и да им помогне да ги совладаат основните техники и стратегии за успешно рекламирање на своите производи и услуги. Оваа обука ќе ги опфати клучните аспекти на маркетингот, вклучувајќи ги осмислувањето на оригинално име, дизајнирањето на впечатливо лого, создавањето на конзистентен корпоративен идентитет, изградбата на функционална веб страница и ефективното дигитално рекламирање.
Во рамки на програмата за оваа обука, ќе бидат опфатени следниве теми:
- Оригинално име: како да изберете уникатно и звучно име за вашиот бизнис;
- Впечатливо лого: клучни принципи за дизајн на лого кое ќе го претставува вашиот бренд;
- Силен корпоративен идентитет: како да создадете конзистентен и препознатлив идентитет за вашиот бизнис;
- Веб претставување: што треба да има успешната веб страница и како да ја оптимизирате за подобро корисничко искуство;
- Моќта на дигиталното рекламирање: основи на дигитално рекламирање и стратегии како да стигнете до вашата целна публика.
Оваа обука ќе ви помогне да разберете како правилно да го промовирате вашиот бизнис и да го поставите на патот кон успехот. Не ја пропуштајте оваа можност да научите како да го искористите маркетингот за да го зголемите влијанието и видливоста на вашиот бренд.
Обуката ќе ја спроведе г-ѓа Верица Мартиновска, сопственик и менаџер на агенцијата Кликер Маркетинг која повеќе од 15 години развива нови и успешни брендови. Обуката ќе биде дополнета од г-ѓа Виолета Видоевска, која последните години активно работи на таргетирање, ретаргетирање и анализа на дигиталните кампањи во Кликер Маркетинг.
Локација: Нетавил (https://netaville.mk)
Датум: 12.06.2024 година
Време: од 16:00 до 18:00 часот
Цена: 1.600 ден. со вклучен ДДВ
Можете да се пријавите на адресата за е-пошта practicum@akademik.com.mk или да се јавите за дополнителни информации на телефоните:
+389 071232342 и
+389 071232593.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да ги добиете е-материјалите од обуката и е-сертификатот за учество на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.