Подзаконски акти чиишто одредби престануваат да важат во месец АПРИЛ 2016

На 1 април престана да важи Одлуката за доставување на податоци за извршените активности во платниот промет.

Со Одлуката за доставување на податоци за извршените активности во платниот промет се пропишуваше содржината на податоците од платниот промет, кои носителите на платниот промет и правните лица кои не се носители на платниот промет, а се вклучени во работењето на платен систем или вршат други услуги поврзани со плаќања, се должни да ги доставуваат до Народна банка на Република Македонија.