Погледнете ја најновата листа на прописи чии одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.
На 30 април престануваат да важат одредби од Законот за хартии од вредност, а на 24 април стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивното издавање.