/ Прочитано:

2.029

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чии одредби стапуваат во примена во месец мај 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 19 мај стапува во примена Законот за пријавување и евиденција на обврски. Со овој закон се уредуваат пријавувањето и евидентирањето на преземени, а недоспеани обврски и на доспеани, а неплатени обврски, со цел обезбедување и одржување на транспарентноста и отчетноста и јакнење на одговорноста при располагање со јавни средства.

Одредбите од овој закон се однесуваат на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и други дејности од јавен интерес утврдени со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа.

На 23 мај стапуваат во примена одредби од Законот за даночната постапка, од Законот за Управата за јавни приходи, од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кои се во врска со пресметките на платите во јавниот сектор.

На 15 мај стапува во примена Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари.

Детален табеларен преглед на листата со прописи