Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2017 година

На први јули стапува во примена Законот за заштита на приватноста.

Исто така, од 1 јули 2017 година од Законот за банките стапуваат во примена одредбите од повеќе подзаконски акти: Одлука за методологијата за управување со ризикот на задолженост, Упатство за спроведување на Одлука за методологијата за управување со ризикот на задолженост и Одлука за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Македонија.

На 1 јули 2017 година, од Законот за енергетика стапуваат во примена одредби од следниве подзаконски акти: Правилник за изменување на Правилникот за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор (член 8, став 3) и Правила за изменување и дополнување на правилата за пазар на електрична енергија (членови 22 и 23).

Подзаконски акт од Законот за енергетика чиишто одредби престануваат да важат од 1 јули 2017 се однесува на Правилата за изменување и дополнување на правилата за пазар на електрична енергија (Прилог 1: Методологија за пресметка на надоместокот за услугите за урамнотежување од правилата).

Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат

Scroll to Top