На први јуни стапуваат во примена одредби од Законот за спортот и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство.
На 1 јуни стапуваат во примена: Одлука за висината на задршката за Солидарен фонд – посмртна помош, членарина и висината на исплатата на посмртната помош и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на фитосанитарниот сертификат или фитосанитарниот сертификат за реекспорт и формата и содржината на пријавата за издавање на фитосанитарен сертификат.
На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот.
На 1 јуни престануваат да важат: Одлуката за зголемување на задршка од пензијата за членарина и Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија.