/ Прочитано:

1.025

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

foto akademik

На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки кои се однесуваат на стручниот испит за лиценциран застапник.

На 19 јуни стапува во примена Законот за вработување и работа на странци. Со овој закон се уредуваат условите и постапката под кои странци можат да се вработуваат или да работат во Република Македонија, освен ако со меѓународен договор поинаку не е утврдено. Странец се смета како вработено лице во Република Македонија кога врз основа на договор за вработување ќе заснoва работен однос кај работодавач чие седиште или место на живеење е во Република Македонија или кога ќе стекне статус на самовработено лице во согласност со овој закон.

На 19 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за странците кои се однесуваат на визата за долгорочен престој, барањето за издавање виза, интервјуто со барателот на виза, продолжувањето на дозвола за привремен престој, дозволата за привремен престој заради работа и дозволата за привремен престој заради сместување во установи за сместување на стари лица.

На 20 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за спречување на корупцијата кои се однесуваат на заштитата на личните податоци и Регистарот на избрани и именувани лица.

На 1 јуни започнува да се применува Правилникот за Програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, Програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, Програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник.

На 1 јуни стапува во примена Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за соодветноста на реосигурителното покритие, методот за пресметка на износот на максимално покритие на друштвото за осигурување во табелата за максимално покритие и методот за пресметување на максимална можна штета.

На 15 јуни започнува да се применува Одлуката за задолжителната резерва. На 30 јуни стапува во примена членот 18 од Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделните видови на превоз во патниот сообраќај и за формата и содржината на потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови.

Целосната листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2016 година 2016