/ Прочитано:

1.174

Преглед на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец МАЈ 2014

Среда, 30 април 2014 Заради континуирано информирање на читателската јавност, АКАДЕМИК ексклузивно овозможува целосен преглед на Законите и подзаконските прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2014 година, практика која ќе продолжи во сите наредни месеци со редовно ажирирање на одредбите од прописите кои месечно ќе стапуваат во примена, а се со цел доследно и навремено читателите да се информираат и запознаат со новостите во прописите, што ќе ја надополни нивната правна информираност и ќе им користи во практичната работа.

zolta

Преглед на Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2014

На 1.05. 2014 стапува во примена Законот за финансиска дисциплина, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 187/2013. Законот се применува на деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, согласно со кои едната страна се обврзува да обезбеди стоки, услуги, или вршење на работи, а другата страна се обврзува да ги исполни паричните обврски кои произлегуваат од трансакцијата (Целиот основен текст на законот освен членот 13).

На 1.05. 2014 стапуваат во примена одредби од Законите за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/2013, 28/2014 и 43/2014, а кои се однесуваат на Советот за јавни набавки, персоналаниот состав, предметот на набавка, надлежноста на Државната комисија за жалби, битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавки, битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка, одредби со кои се регулираат казните. (Член 14, ставови 4 до 35; Член 15, ставови 6 и 7;  Член 36-а;Член 54, став 2;Член 99, став 3;Член 160;Член 200, став 1;Член 210, алинеи 4, 8 и 9; Член 220, став 1, алинеја 1;Член 232-а;Член 232-б; Член 232-в; Член 232-г;Член 232-д; Член 232-ѓ;Член 232-е;Член 232-ж;Член 232-з;Член 232-ѕ;Член 232-и;Член 232-ј;Член 232-к).

На 1.05. 2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за водите,„Службен весник на Република Македонија“бр. 163/2013 кои се однесуваат на водостопанските инспектори, Државниот инспекторат за земјоделство, постапката по жалба против решението на државниот инспектор за животна средина  и водостопанскиот инспектор и прекршочните санкции. (Член 231, став 1;Член 236, став 3;Член 237, став 2; Член 240, ставови 1, 2, 3, 4 и 5;Член 245, ставови 4 и 5;Член 246, ставови 2, 3, 4 и 8)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/2013, со кои се регулира статусот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, условите кој може да биде градежен инспектор, изготвува предлог на годишна програма за работа на инспекторатот (Член 128-а;  Член 130, став 1; Член 130-а; Член 130-б)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/2013, со кои се предвидува постапката за донесување на решение на комуналниот инспектор за констатирани неправилности.(Член 30, ставови 2 и 3)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, „Службен весник на Република Македонија“ бр.163/2013, со кои предвидуваат услови кои треба да се исполнат за да се биде урбанистички инспектор, предлог на годишна програма за работа, подготовката на квартални планови и извештаи.(Член 60, став 1;  Член 61-а; Член 61-б)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување, „Службен весник на Република Македонија“ бр.  163/2013 за донесувањето на годишна програма работата на овластените инспектории одлучувањето по жалба.(Член 118-а, став 1; Член 120, ставови 3 и 4 и избришан став 5; избришан член 120-а)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира статусот на Државниот управен инспекторат условите кои треба да ги исполнува одредно лице за да биде инспектор (предлог на годишна програма, кварлатални планови и годишни извештаи.(Член 4, став 2;Член 5; Член 7-а)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира правото на жалба против решение со кое е изречена мерка од надлежен инспекциски орган. (Член 39, став1)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира статусот на инспекторатот, условите да се биде инспектор, годишна програма со квартални планови и годишен извештај, изјавувањето на жалба против решението на инспекторот (Член 39, ста2, Член 12, Член 14, Член 14 –а, Член 33, став 3 и избришани ставови 4 и 5)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013 кои регулираат дека Министерот надлежен за работите од областа на трудот со правилник ја утврдува висината на трошоците за спроведување на постапката   и дека по жалбата против решението на инспекторот одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.(Член 46 став 2, Член 51 став 2 и избришан став3)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013,  со кои се регулира статусот на Државен пазерен инспекторат,посебен акт за организација на организациона поставеност и во актот за систематизација на работните места на Државниот просветен инспекторат, годишна програма, квартлани планови, годишен извештај, кое лице може да биде иснпектор, жалба против одлуките на државниот просветен инспектор, односно овластениот просветен инспектор.(Член 3, Член 4, ставови 2 и 3, Член 5-а, Член 7, Член 31, став 3 и избришани ставови 4 до 22)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира кој може да биде инспектор, годишната програма, квартални планови, годишни извештаи, одлучување по жалбата на решението на инспекторот. (Член 167, став 3 и избришани ставови 4 и 5, Член 167-а, Член 171)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира изјавувањето на жалба против решение (Член 131, став 3 и Член 134, став 5)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување на Законот за трговија, „Службен весник на Република Македонија“ бр.  164/2013, со кои се регулира изјавувањето на жалба против решението на инспекторот (Член 60, ставови 8 и 9)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулираат овластувања на инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор (Член 301, став 4 и избришани ставови 5 и 6)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира статусот на Инспекторатот, кој може да биде инспектор, годишната програма, квартални извештаи, годишен извештај, должности на Инспекцискиот совет ( Член 3, став 2; Член 8, став 2; Член 9 ставови 1 до 7, Член 13, Член 28, став 2 и избришан став 3)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013, со кои се регулира кој може да биде инспектор, редовниот надзор, годишна програма, квартални извештаи и годишен извештај, жалба против инспекциски акти и одлучување по нив.(Член 232, Член 236, став 2)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/2013,  со кои се регулира статусот на државниот инспекторат за труд, раководењето со инспекторат, именување на директорот, услови кои треба да ги исполни за именување, кој може да бидеинспектор и жалбата против решението на инспекторот и одлучувањето по неа (Член 3, став 2 и избришан став 3, Член 3-а, Член 8, Член 19, став 2 и избришан став 3)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување на Законот за работните односи, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 170/2013, со кои се регулира изјавувањето на жалба против решението на инспекторот на трудот (Член 263, став 1)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, „Службен весник на Република Македонија“ бр.  187/2013 со кои се регулира Статус на инспекторатот, Внатрешна организација, кој може да биде инспектор, годишна програма, квартални планови, годишен извештај и запирањето на примена на пропис.( Член 4, став 2, Член 11 став 2, Член 13, Член 15, Член 23, (избришан став 5)

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Закон за изменување и дополнување на Законот за културата, „Службен весник на Република Македонија“ бр.  187/2013 кои се однесуваат на инспекторите за култура и услови кој може да биде инспектор, годишната програма, квартални планови и годишен извештај, и одлучувањето по жалбата на решението на инспекторот (Член 82, Член 82-а, Член 84, став 3 и избришан став 4).

На 1.05.2014 стапуваат во примена одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, „Службен весник на Република Македонија“ бр.  188/201, со кои се регулираат фискални принтери со фискална меморија како дел од фискална апаратура, Интегрираниот автоматски систем , GPRS терминалот, Мобилните оператори VPN (Virtual private network), Контролата на даночни инспектори и даночни контролори, овластувањата, составување на записник и правото на жалба на даночниот обрзник, глоби, содржина на фискалната сметка, фискално лого, контролен траг на електронски медиум, забрани и задолженија на даночните, контрола на УЈП, глоби.(Член 206, ставови 1 и 2; Член 207, ставови 1, 3 и 4;Член 208; Член 208-а;Член 209, ставови 2 и 4; Член 211;  Член 212, ставови 1, 2, 3, 4 и 5;  Член 213; Член 214, ставови 1, 7, 8 и 11; Член 215, ставови 1 и 3; Член 216, ставови 1 и 2; Член 217, став 1 и избришан став 2; Член 218, ставови 1 и 2; Член 220, став 1;  Член 228, став 1, алинеи 3, 4 и 5;Член 229-а)

 На 17.05 2014 година стапува во примена Правилникот за начинот на одмерување на казните, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2014 (Кривичен законик). Со Правилникот се уредува начинот и постапувањето на судот при одредувањето на видот и одмерувањето на висината на казната. Кривичните дела со овој Правилник се категоризирани во нивоа во согласност Видот и висината на казната се одредува и одмерува во рамките на распонот на казната, кој е предвиден за определеното ниво (Целиот правилник).

Целосниот преглед на сите закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена, вклучително и  наброените, можете да ги погледнете во приложената табела.