Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во декември 2022 година

На 31 декември стапуваат во примена одредби од следните закони:

  • Законот за данокот на личен доход (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019), и тоа членот 24 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 11, член 84 и член 87.
  • Законот за платниот промет (закон за изменување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 39/2022), и тоа: членот 1 од Законот за изменување, кој се однесува на следниве одредби: член 25, став 1.
  • Законот за здравственото осигурување (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 285/2021), и тоа: членот 8 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 28-а.

На 31 декември престанува да важи одредбата од:

  • Законот за данокот на додадена вредност (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/2022), и тоа членот 6 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 30, став 1, точка 20.

 

Листата на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2022 година погледнете ја на следниот линк.

 

Scroll to Top