Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во декември 2022 година
На 31 декември стапуваат во примена одредби од следните закони:
- Законот за данокот на личен доход (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019), и тоа членот 24 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 11, член 84 и член 87.
- Законот за платниот промет (закон за изменување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 39/2022), и тоа: членот 1 од Законот за изменување, кој се однесува на следниве одредби: член 25, став 1.
- Законот за здравственото осигурување (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 285/2021), и тоа: членот 8 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 28-а.
На 31 декември престанува да важи одредбата од:
- Законот за данокот на додадена вредност (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/2022), и тоа членот 6 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на следниве одредби: член 30, став 1, точка 20.
Листата на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2022 година погледнете ја на следниот линк.