Употреба на голема почетна буква во називите на законите, декларациите, резолуциите
Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле.
Во називите на законите, декларациите, резолуциите со голема почетна буква се пишува првиот збор, а од другите зборови само тие што претставуваат имиња.
Правилно
Закон за Академијата за судии и јавни обвинители
Погрешно
Закон за академијата за судии и јавни обвинители
Правилно
Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи
Погрешно
Закон за изменување и дополнување на законот за работните односи
Правилно
Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава
Погрешно
Декларација за Меѓународно Признавање на Република Македонија како Суверена и Независна Држава
Правилно
Универзална декларација за човековите права
Погрешно
Универзална Декларација за човековите права
Правилно
Резолуција 1737 (2006) на Советот за безбедност на ОН
Погрешно
Резолуција 1737 (2006) на Советот за Безбедност на ОН