/ Прочитано:

3.504

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2017 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 март стапуваат во примена одредби од Законот за банките кои се однесуваат на  должноста на банката да одржува стапка на адекватноста на капиталот и во врска со заштитните слоеви на капиталот.

На 7 март стапуваат во примена одредби од Законот за средното образование кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик од страна на директорот на средното училиште.

На 7 март стапуваат во примена одредби од Законот за спортска академија кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик од страна на директорот на спортската академија.

На 31 март стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  кои се однесуваат на полагање за лиценца за предавач по наставна програма, возач-инструктор, контролор, испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма управување со возила (практичен дел) на електронски начин.

Од подзаконските прописи,  на 1 март стапуваат во примена Упатство за изменување и дополнување на Упатството за спроведување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот.

На 5 март престануваат да важат одредби од Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на видови стока кои се предмет на постапување на царинските органи на определени гранични премини.

Исто така, на 31 март престануваат да важат одредби од Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка на Република Македонија.

Табеларен и целосен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2017 година