/ Прочитано:

1.671

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2018 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2018 година, заедно со табеларниот преглед на одредбите од прописите што престануваат да важат.

На 1 ноември стапува во примена Законот за следење на комуникациите (основен закон, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/2018), како и одредби од Законот за Оперативно-техничка агенција и Законот за електронските комуникации.

На 1 ноември стапуваат во примена одредби од Законот за хартии од вредност. На 30 ноември стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На први ноември престанува да важи Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 121/2006, 110/2008 и 116/2012).

Од подзаконските акти, на 1 ноември стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло.

Табеларен приказ на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2018 година