/ Прочитано:

839

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2022 година

Законот за младински додаток („Службен весник на РСМ“ бр. 18/2020) престанува да важи на 30 ноември 2022 година, согласно со неговиот член 11.

Одлуката за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 224/2022) ќе започне да се применува од 1 ноември 2022 година. На истиот датум ќе престане да важи претходната Одлука за формирање и објавување на средните курсеви на НБРСМ, донесена во 2014 година.

На 16 ноември 2022 година, ќе започне да се применува Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителната резерва („Службен весник на РСМ“ бр. 199/2022), донесена од Народната банка на Република Северна Македонија.