/ Прочитано:

981

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2022 година

На 1.10.2022 година започнуваат да се применуваат одредби од Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование (Закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2020), како и одредби од  Законот за субвенциониран студентски оброк (Закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2021).

Исто така, на 1.10.2022 година започнува да се применува и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 175/2022, како и Правилникот за осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/2022.

На 29.10.2022 година започнуваат да се применуваат одредби од Законот за установите (Закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2022).

На 31.10.2022 година престанува да важи Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата (основен закон, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/2019).

Деталната листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2022 година погледнете ја на следниот линк Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2022 година.