/ Прочитано:

1.028

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2021 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2021 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за основното образование во врска со задолжителните офталмолошки прегледи.

На 15 септември стапуваат во примена одредби од Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој закон се уредува правото на студентите за субвенциониран студентски оброк, како и начинот и критериумите за субвенционирање

Од подзаконските акти, на 1 септември стапуваат во примена: Календарот за организација на учебната 2021/2022 година во јавните средни училишта; Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните училишта; Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2021/2022 година; Правилникот за дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во основното училиште; Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година; Програмата за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2021 година; Упатството за доставување податоци за извршените активности во платниот промет; Одлуката за доставување и објавување податоци за извршените активности во платниот промет; Упатството за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за субјектите под надзор на Агенцијата за супервизија на осигурување, како и други акти кои може да се погледнат на следниот линк:

Табеларен и целосен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември2021