Во месец август стапуваат во примена одредби од Законот за Централен регистар на население. Овие одредби стапуваат во примена на 28 август и се однесуваат на другите субјекти од членот 4 став (1) точка 7 од овој закон.
Други субјекти во смисла на овој закон се:
– судовите, јавните обвинителства, државното правобранителство,
– правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања,
– правни лица кои даваат и обезбедуваат услуги од јавен интерес, односно субјекти од областа на образовaнието, здравството, социјалната и детската заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги;