Понеделник, 17 декември 2012 – Во организација на АКАДЕМИК, на 21 декември 2012 година, во деловниот центар Зебра ќе се одржи еднодневна практична обука на теми: „Раководење и администрација во компании, јавните претпријатија и општините“ и „Донесување и спроведување на урбанистички планови“.
На практичната обука во првиот дел, Југослав Ѓеоргиевски, инспектор во Државниот управен инспекторат ќе говори на теми: изготвување на потребна документација, воведување на акти и други писма во деловникот, архивско работење, пружање на правна помош, организација на служби за контакт со странки и заштита на личните податоци.
Обучувачот Цветанка Маркушоска, дипломиран инженер, архитект и планер, координатор во Агенцијата за планирање на просторот ќе зборува на тема донесување и спроведување на урбанистички план и ќе направи пресек на измените во Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е резервирано доволно време за прашања, дискусија и практични примери.