Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец август 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец август 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1-ви август започнува да се применува Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2015, 98/2015, 193/2015, 226/2015 и 31/2016). Со овој закон се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

На 1-ви август престанува да се применува Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/2011, 53/2011, 144/2012, 153/2012, 25/2013, 137/2013, 163/2013, 44/2015, 193/2015, 226/2015 и 30/2016), и престануваат да се применуваат одредби од Законот за вршење на занаетчиската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 55/2007, 115/2010, 36/2011, 53/2011, 164/2013 и 129/2015), со што овој закон престанува да важи во целост.

На 1-ви август започнува да се применува Правилникот за утврдување на локациите до кои операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 108/2016).

Tабеларен преглед на  прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат