/Прочитано:

738

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ЈУЛИ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јули 2015 година, заедно со деталниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

plava

На 7 јули стапува во примена Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната. Со овој закон се уредува одредувањето на видот и одмерувањето на казната, договарањето за видот и висината на казната меѓу јавниот обвинител и обвинетиот во рамките на спогодувањето, како и формирањето, составот, мандатот и надлежностите на Комисијата за воедначување на казнената политика.

На 2 јули стапува во примена Законот за градежните производи. Со овој закон се уредуваат условите за пуштање на градежните производи на пазарот, со изјава за својства, означувањето со ознака „СЕ“, условите за пуштање на градежен производ од нехармонизираното подрачје на пазарот, обврските на економските оператори, хармонизираните технички спецификации, основањето и работењето на тела за техничка оцена и именуваните тела, надзор и контрола на пазарот.

На 1 јули стапуваат во примена одредби од Законот за социјалната заштита во врска со висината на социјалната парична помош.

 На 7 јули стапуваат во примена одредби од Кривичниот законик во врска со одмерувањето на казната која судот ја врши во согласност со одредбите од Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

На 25 јули стапуваат во примена одредби од Законот за Судскиот совет на Република Македонија во врска со  условите за член на Советот од редот на судиите и мандатот на претседателот на Советот.

На 2 јули престанува да важи Законот за градежните производи.

На 12 јули стапува во примена Правилникот за изменување на Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки, а на 7 јули престанува да важи Правилникот за начинот на одмерување на казните.

Табеларен преглед на законите и подзаконските акти кои стапуваат во примена или престануваат да важат во месеј јули