/Прочитано:

605

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ОКТОМВРИ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец  октомври  2015 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

zelena

На први октомври стапуваат во примена одредби од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои се однесуваат на барањето за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување во хартиена форма. На први октомври стапуваат во применаи  одредби од Законот за авторското право и сродните права, кои се однесуваат на oсновитe за определување надоместоци, корисници и крајни корисници.

На први октомври стапува во примена Законот за водостопанство, со кој се уредува стопанисувањето, користењето, функционирањето и одржувањето на хидросистемите, системите за наводнување и системите за одводнување.

Од подзаконските прописи, на први октомври стапува во примена Одлуката за преобразба на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија во друштво со ограничена одговорност.

На први октомври престанува да важи Законот за водостопанствата и престанува да важи Законот за водните заедници. На први октомври престануваа да важи Одлуката за основање на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, како и Одлуката за забрана на продажба на одделни нафтени деривати.

Табеларен преглед на законите и подзаконските прописи