/ Прочитано:

977

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец СЕПТЕМВРИ 2014

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец септември 2014 година, заедно со табеларен преглед.

zolta

На 01.09.2014 стапуваат во примена членовите 2, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, а кои се однесуваат на член 73 став 7; член 81 ставови 4 и 5; член 81-а и член 81-б од Законот лековите и медицинските помагала.

На 15.09.2014 стапува во примена член 21, став 1 од Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, а кој се однесува на член 5, став 6 од Законот.

На 15.09.2014 стапуваат во примена членовите 47 и 49 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, а кои се однесуваат на член 100, ставови 4, 5, 6, и 7 и член 106-а, ставови 1, 2, 3 и 4 од Законот за високото образование.

На15.09.2014 започнува да се применува Законот за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.

На 15.09.2014 престанува да важи Законот за основање на Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На 1.09. 2014 започнува да се применува Правилникот за образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република Македонија.

На 1.07. 2014 започна да се применува Упатството за начинот на доставување податоци за склучените трансакции на девизниот пазар.

На 01.07.2014 започна да се применува Програмата за рано учење и развој.

Целосната листа на законите и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена е дадена во следниов табеларен преглед.