/Прочитано:

519

Подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец АВГУСТ 2014

Погледнете ја најновата листа на подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец август 2014 година. Ве информираме дека  во месец август не стапуваат во примена одредби од закони.

lila

Во месец август во примена стапуваат подзаконски акти кои се однесуваат на примена на одредбите од Законот за девизно работење: Одлука за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти; Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од странство; Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство и Упатство за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство и на евиденциските сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезиденти;

Во примена стапуваат подазконски акти кои се однесуваат на примена на одредбите од Законот за безбедност на храната: Решение за задолжително лабораториско испитување на радионуклиди во пратки со храна за исхрана на луѓе и пратки со храна за исхрана на животни кои потекнуваат или се испорачани од Јапонија а кои се наменети за увоз во Република Македонија;

Во примена стапуваат подазконски акти кои се однесуваат на примена на одредбите од Законот за здравствено осигурување: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала;

Во примена стапуваат подазконски акти кои се однесуваат на примена на одредбите од Законот зa енергетика: Тарифен систем за измена и дополнување на Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија и Тарифен систем за продажба на електрична енергија на мали потрошувачи приклучени на дистибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ-Скопје.

Целосната листа на подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена е дадена во табеларен преглед.