/ Прочитано:

1.831

СУДЕЊЕ Змиско око 1: Судот немоќен да ги собере сите 72-ца обвинети на рочиште

Четврток, 26 април 2012 – Стартот на главниот претрес за предметот за случајот Змиско око 1 никако да се одржи. Условите за остварување на главен претрес повторно не беа исполнети и денеска отсутни дел од обвинетите и бранителите.

Ова е првиот случај каде што полицијата приведе околу стотина вработени во ЈП Македонија пат. Акцијата се случуваше на два пати во два различни временски периоди, па затоа се водат два предмети Змиско око 1 и Змиско око 2.

Главниот претрес никако да се одржи

Тек на рочиштето

10:57 – Рочиштето заврши, главниот претрес се одлага за 29.05.12г. во 10:00ч.

10:50 – Судот донесе одлука да го казни адвокатот Зафировски со глоба од 1000 евра бидејки бил уредно повикан, а не го оправдал отсуството. Обвинетиот Василковски е задолжен да најми друг бранител во рок од 3 дена, во спротивно ќе му биде доделен адвокат по службена должност.

10:45 – Судот го праша обвинетиот Никола Василковски каде е неговиот бранител, адвокатот Валентин Зафировски, на што тој одговори дека не знае.

10:42 – Она што најмногу им ги разбранува страстите на присутните во судницата во Врховниот суд Скопје – е откажувањето на заменичкото полномошно од страна на обвинетиот Никола Василковски на адвокатот Горан Каркински. „Го откажувам полномошното, се сомневам дека адвокатот може да ми ја даде обраната, затоа што не ми го знае ниту името. Ме вика Васил, а јас се викам Никола Василковски“, му се обрати на судскиот совет, Василковски. 

10:35 – Судот донесе одлука да се издвои предметот за Драги Тричковски, но го одби барањето за обвинетиот Рамизи со образложение дека немало оправдани причини да се одвои предметот и за него.

10:29 – Приговор на барањето на Каркински имаше адвокатот Слободан Богоевски. „Ако го издвоите предметот за обвинетиот Драган Тричковски, бараме  предметот да се издвои и за обвинетиот Семи Рамизи “, рече Богоевски.

10:25 – „Поради тоа што не знаеме колку време ќе се задржи обвинетиот Тричковски во болница, бараме издвојување од предметот“, рече адв. Каркински.

10:17 – Бранителот Горан Каркински  наведе дека обвинетиот Драги Тричковски е спречен да дојде бидејки се наоѓа во болница во Велес. Во врска со неподнесената медицинска документација, тој објасни дека во болницата во Велес немале формулари.

10:15 – Со доцнење од 15 минути, старт на денешното рочиштето.

Повеќе за предметот:  Змиско око 1.