/ Прочитано:

834

17 лица приведени во акција на МВР поради сомнение за шверц на цигари

Понеделник, 24 јуни 2013 –  Во моментов во тек е голема акција на МВР против шверц на цигари во повеќе градови низ Македонија. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи уапсени се вкупно 19 лица, по 6 во Скопје и Струмица, тројца во Берово, двајца во Кочани и по еден во Тетово и Делчево. Меѓу упсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се во бегство.

Неофицијалните информации говорат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.

Според првичните информации, осомничените од 2010 година од Албанија и Косово внесувала големо количество цигари во Македонија, ги складирале во складишта во Скопје и во магацини во близина на македонско – бугарската граница. Кај дел од осомничените е пронајдена марихуана и пакетите со енегетски пијалок Ред Бул, кои според полицијата, илегално во земјава се внесени од Косово. Од МВР велат дека повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени утре.