/ Прочитано:

6.516

18 години затвор за Кољо Американецот, му пресудија во САД


Понеделник, 14 мај 2012 – Кољо Николовски на македонската јавност познат како Кољо Американецот доби 18 години затвор за банкарска измама тешка 5,8 милиони долари и перење на пари во Кливленд, Охајо. Судијата го претставил како мафијаш и насилник кој предизвикал банкрот на хрватската кредитна унија во Охајо.

Според судот тој никогаш не работел, се богател со банкарски измами и заплашувал најмалку девет лица за да може да ја направи измамата. Направил штета на банката од 72 милиони долари, со што на крајот кредитната унија пропаднала.

„Иако г-динот Николовски можеби не е сам одговорен за загубата од 72 милиони, а потоа и за колапсот, сепак тој ја уништи довербата на илјадници клиенти на кредитаната унија, кои како и тој дошле од Европа по потрага по Американскиот сон“, рекол судијата Кристофер.А.Бојко.

 За судот во Кливленд измамата на Николовски е можеби најголемиот банкрот на кредитна унија во американската историја.

„Кољо Николовски потроши 5 милиони и 800 илјади долари на брзи автомобили и коцкање и направил штета од 238 милиони долари на хрватската кредитна унија“, посочија обвинителите во судот во Кливленд, Охајо.

Николовски емигрирал во САД од Македонија во 1992 година и станал државјанин на САД во 2004 година. Во петокот на судот му објасни како и помогнал на својата сопруга со салонот за убавина. Кампувал и одел на риболов со својот син се додека демоните не го преовладале.

 -„Пробав да направам некаков бизнис, но премногу пиев и се коцкав. Излегов од контрола“.

Неговиот адвокат во својата одбрана ја наведе намерата на Николовски: – „Тој навистина не е лош човек. Немал намера да краде од хрватската кредитна унија

Адвокатот Хавиер Арменгау поднесе барање до судот Николовски да не биде осуден повеќе од 3,5  години. Сепак судот одлучи дека тој заслужува повеќе години затворска казна.

Според извештаите на федералните власти Кољо трошел пари на јахти, луксузни амтомобили, дијаманти. Од 2005 година до 2010 се подновил со два мерцедеса, ламборџини, ролекс часовници, брод и камп.

 Имал 2 милиони долари на сметки во македонските банки, но американските власти успеале да ги замрзнат пред тој да ги подигне.