/ Прочитано:

1.149

УЈП: Пресметка на плата за 2016 година – нова верзија на клиентскиот софтвер

Врз основа на член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2016 година, не се променети во однос на 2015 година, информираат од УЈП, од каде објавуваат информација за пресметка на плата за 2016 година.

ujp-9-smalena-e1360160618926.jpg

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Врз основа на член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“,бр.180/2014), стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2016 година, не се променети во однос на 2015 година (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641).

Даночно ослободување
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2016 година, ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.357денари, односно на годишно лично ослободување за 2016 година во износ од 88.284 денари (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).

Нова верзија на клиентски софтвер
За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2016 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 30.12.2015 година), преку веб страницата на УЈП (преземиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот “МПИН“ за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки
Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.
При исплатата на плата за 2011, 2010 и 2009 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за 2014, 2013 и 2012 година највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати. За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за месец ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите, додека почнувајќи со пресметките за месец МАРТ 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:

  • Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;
  • Износот од дванаесет просечни плати за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;
  • Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.