/ Прочитано:

1.348

Заради зголемување на безбедноста

Tрепкаво зелено светло на сите семафори во Скопје

Oд утре, 21.01.2016, се воведува трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираа од Градот Скопје. 

zeleno_svetlo„Во наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта““, се вели во соопштението на Градот Скопје.

Според Законот, трепкавото зелено светло  се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

„Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.

Се потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат жолтото светло и да ги поминуваат крстосниците исклучиво на зелено светло“, истакнуваат од Градот Скопје.