/ Прочитано:

1.069

ВРХОВНИОТ СУД: Барањата да се доставуваат до соодветниот оддел

„Доколку се доставуваат барања кои се однесуваат за констатирани разлики во примена на законите, потребно е истите да бидат упатени до Одделот за судска практика...“

????????????????????????????????????

Сите субјекти кои со барања од различен вид се обраќаат до Врховниот суд на Република Македонија, истите да ги упатуваат до соодветниот оддел во Врховниот суд во зависност од содржината на барањето, заради поефикасно остварување на правата и интересите, информираат од Врховниот суд.

„Притоа, доколку се доставуваат барања кои се однесуваат за констатирани разлики во примена на законите, потребно е истите да бидат упатени до Одделот за судска практика, поткрепени со соодветни правосилни одлуки“, се вели во соопштението на Врховниот суд на Република Македонија