/ Прочитано:

2.612

ФЗО: Осигурениците да си ги подигнат ЕЗК од понеделник

Eлектронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а се' уште не ги имаат добиено, се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби, информираа од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

fzom_8„Од понеделник, 25 јануари 2016 година, граѓаните кои имаат поднесено барање, а немаат добиено електронска здравствена картичка, ќе може да си ја подигнат во подрачните служби на Фондот во местото каде што го поднеле барањето. Истовремено, нашите вработени во наредниот период ќе ги користат сите алатки за комуникација и ќе ги известуваат граѓаните да дојдат и да си ги подигнат картичките“, се вели во соопштението на ФЗО.

Се работи за 106.541 електронски здравствени картички.  Подигнувањето на ЕЗК се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ.

„Сите потребни информации може да се добијат во подрачните служби или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/“, истакнуваат од ФЗО.

Активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето електронската  здравствена картичка на осигуреникот во Фондот, или кај матичниот лекар. При првата употреба на ЕЗК кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита на езк.

Децата до 3 годишна возраст немаат потреба од ЕЗК

Дополнително, од Фондот исвестуваат дека е направена измена и во Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и од 1 февруари 2016 година сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите.