/ Прочитано:

867

Просечната нето плата во ноември 21.976 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во ноември изнесува 21.976 денари и таа е зголемена за 1,8 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

pari„Зголемувањето се должи пред се на секторите „Други услужни дејности“ каде има зголемување за 9,2 проценти, „Административни и помошни услужни дејности“ за 8,4 проценти и Градежништво за 7,1 процент“, наведуваат од ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и Градежништво (2.6%).

Зголемување од 2 проценти, според ДЗС,  има и кај бруто платата која во ноември изнесува 32.268 денари.

Во ноември 1.2 проценти од вработените во Република Македонија не земале плата.