/ Прочитано:

1.215

Упатство за регистрација на софтверот за адвокатско работење „Адвокато“

Адвокатската комора на Република Македонија објави упатство за регистрација на софтверот за адвокатско работење „Адвокато“.

advokati digtalizacija komjuterizacija

„Адвокатите кои уредно си ја подмириле членарината можат да се регистрираат на софтверот за работење на адвокатските канцеларии и друштва „Аdvokato.mk“.Софтверот овозоможува електронско складирање на целосната адвокатска документација (предмети, рочишта, состаноци, задачи, документи), како и интегриран календар со известувања за сите ваши активности (рочишта, состаноци, задачи) и можност за СМС систем за автоматско потсетување. Софтверот може да се користи на компјутер, таблет и смартфон со едноставен и лесен кориснички интерфејс“, известуваат од АКРМ.

Имплементација на софтверот и едногодишно користење со обезбедена кориснична поддршка, Адвокатската комора на Република Македонија го обезбедува бесплатно за членовите, од финансиските средства на комората.

>> Упатство за регистрација на нови корисници ТУКА