/ Прочитано:

721

Адвокати, пријавете се на јавна дискусија за воведување на можноста за сурогат мајчинство!

Среда, 5 март 2014 – Министерството за здравство на Република Македонија на 7 март (петок) со почеток во 12:00 часот организира јавна дискусија на тема сурогат мајчинство, на која се повикани и адвокатите да земат учество.

„Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување е еден од најлибералните закони во Европа, меѓутоа до ден денешен не е направена негова ревизија и пополнување на празнините и недореченостите. Во тој контекст, како приоритет се поставува решавањето на неколку клучни прашања, меѓу кои и разрешување на дилемата дали да се воведе можноста за раѓање на дете за друг (сурогат мајчинство) и информирање за етичко-општествените прифатливи норми за сурогат мајчинството што постојат во светски рамки заради донесување на одлука и градење на став околу ова прашање“, се вели во соопштението на Адвокатската комора на РМ (АКРМ).

Сите заинтересирани адвокати треба да се пријават на e-mail: d.georgiev@mba.org.mk најкасно до утре.