/ Прочитано:

978

Адвокатот треба да ја има свежината на дете, храброста на лавот и мудроста на филозофот — професионалното мото на истакнатиот српски кривичар, Драгољуб Ѓорѓевиќ

Адвокатурата во Србија преживеа тектонско пореметување, раскажува за АКАДЕМИК претседателот на Адвокатската комора на Србија и еден од еминентните предавачи на конференцијата „Управување со правните ризици“, Драгољуб Ѓорѓевиќ. Без фискални каси, но со Академија за адвокати и полагање дополнителен адвокатски испит,  на тој начин функционираат адвокатите на Србија. Меѓудругото, тој го изразува критичкиот став во однос на српските медиуми, но има уште поголема замерка за затворската казна на македонскиот новинар, Томислав Кежаровски, за која вели дека е  формална, но не и правична. Според него, како еден од најистакнати балкански кривичари, вклучени во хашки постапки, политиката секогаш ќе се меша во правото што најдобро го согледал преку функционирањето на Трибуналот. 

Важите за голем познавач на кривично-правните аспекти на организираниот криминал. Тоа мошне добро се виде и со Вашето излагање на Конференцијата. Може ли накратко да ги објасните правните ризици поврзани со организираниот криминал, со оглед на тоа што тоа е Ваша специјалност?

Без сомневање, организираниот криминал претставува голем залак за модерното општество! Организираниот криминал претставува опасност за општеството поради тоа што најчесто опфаќа и претставници на државни органи, на државната власт или, пак, носителите на државната моќ. Организираниот криминал го гледам како некој вид на финансиски центар односно центар на политичка моќ. Нормална е појавата на таков вид на криминал во едно општество, државата мора да се справува со овој криминал, но за да пренесе добра порака, справувањето мора да биде суштинско, а не со демонстративен карактер. Едно некој да сака да добие политички поени, па на пример направи некаква афера, а друго е што суштински се постигнува со тоа судење. Многу е лоша пораката кога судењето нема исход во откривањето на главните виновници кои сториле кривични дела, туку судскиот процес е воден само во демонстративна смисла односно, само власта да покаже дека нешто работи и дека нешто се случува. Што би рекле Старите Римјани: Леб и игри!

Земете го на пример случајот „Друмска мафија“, во тој предмет Обвинителството имаше веродостојни докази за да видиме кој политички стои зад фаќањето на главните виновници, извршители на политичкиот и другиот врв. Постојат „извршители“ кои носеле пари на одредени политичари, но тие луѓе никогаш не беа обвинети. Што тоа ви говори? Дека не постоеше суштинска волја навистина да се дојде до вистината.

Денеска имав намера да зборувам и за медиумите, но моето време беше ограничено. Имате медиуми во Србија за кои велиме дека се полициски информативни билтени , на пример српски „Курир“ и „Информер“. Редовно ги читам за да видам кој ќе биде уапсен и лишен од слобода, меѓу лицата што се со проблеми, се моите идни клиенти и секако затоа ги купувам.

Вие новинарите често сте соучесници и правите фарса од секоја акција, тоа е навистина лошо.  Новинарите мора да известат дека нешто се случува, но не може во наслов да стават „Уапсен најголемиот даночен криминалец“, Тоа може да го кажете кога некој е осуден за тоа кривично дело и поради тоа мислам медиумите што ги следат судските рубрики мораат да пројдат посебни едукации  за да можат тоа да го работат на начин во рамки на законот и Уставот и воопшто на начин кој ги почитува човековите права и слободи. Луѓето кои се обвинети, за нив важи пресумпција на невиност, а благодарение на новинарите, стануваат виновни уште пред пресдуата.

Исто така, кога политичарите влијаат на крајниот исход на постапката се даваат коментари на судските одлуки и слично. Тоа едноставно е недопустливо, поради тоа менаџментот на правниот ризик во такви ситуации е една голема комплицирана приказна.

Во контекст на актуелните тенденции во правото како сфера, дали темата правни ризици е избрана во вистинскиот момент?

Моментот е во секој случај погоден, и тогаш кога се мисли дека се е најдобро, добро е да се отвораат вакви теми. Токму оваа тема претставува„evergreen“ тема, никогаш нема да излезе од актуелност.

Имате искуство и во хашките постапки,  колку хашкиот Трибунал го оправда своето постоење и ја задоволи правдата на Балканот?

Пред 25 години, во самото формирање на Трибуналот каде не беше почнат ниту еден процес, постои изјава од државниот секретар на САД во тоа време, Мерлин Обрајт која рече дека ги бидат осудени 80 % Срби, 10% Хрвасти и 5 % муслимани. Кога ќе ги погледнете статистиките по 20 и повеќе години, сфаќате дека навистина тоа се случило. Кога некој го антиципира правото на таков начин, тоа не може да се нарече „задоволување на правда“. Трибуналот е политичка задача и лоша приказна која треба да пренесе порака во светот дека завршило справувањето со големите воени злосторници. Тоа е всушнот Трибуналот.

Вашето име е синоним за адвокатски опус на кривични предмети. Ако некој ги познава состојбите во правосудството во Србија тоа сте Вие. Како ги оценувате реформите во српското правосудство денес?

Па, не би постоеле реформите на српското правосудство доколку не ни станеше јасно дека нешто навистина не оди во системот. Зошто би постоела статегијата на реформите во правосудството, ако се е во ред?

Неодамна бев на прославата на почетокот на правната сезона„ Тhe law society of England and Wels“. Таму никој не зборуваше за реформи во англиското право, немаат потреба од тоа. Таму, реформите се применуваат со векови. Таму точно се знаат правилата и нема потреба ништо да се реформира или санкционира. Кога нешто не чини тогаш зборувате за реформи, еволуција итн..

Сте биле дел од бројни комисии за изготвување на закони, помеѓу кои и Законот за јавни обвинители. Воедно сте претседател на Адвокатската комора на Србија. Колку носителите на српските правосуден систем, се спремни и можат да одговорат на предизвиците?

Многупати сум бил дел од комисии што изработуваа нови закони или измени и дополнувања. Познат сум како систематичен во истражувањето на новите закони. Особено го познавам европското и хуманитарното право, методологијата на нацрт закони и по мене тоа е основната причина зошто ме повикуваат во овие комисии, не поради тоа што многу ме сакаат. Едноставно знаат дека сум стручен за тој дел, но неретко се случува кога работите  да тргнат по непредвиден пат, да ја напуштам комисијата затоа што сум видел дека станува збор за нешто што не е во ред, не се работи за мојата суета, туку за работи што не ја задоволуваат правдата.

Веќе неколку години сте претседател на Адвокатската комора на Србија. Кои позначајни промени ги внесовте во адвокатурата  откако Вие сте на кормилото?

Претседател сум од 2009 година, а во 2012 година повторно сум реизбран за претседател на Адвокатската комора на Србија. За овие 4 години, адвокатурата претрпе тектонско пореметување во Србија, особено земајки го фактот: во светот  адвокатурата е позната како затворена професија, традиционална и конзервативна и многу тешко поднесува промени. Ние за српската адвокатура во 2011 година донесовме нов закон што од страна на Европската унија на адвокати е оценет како модерен закон со фантастично чувство за еквилибриум помеѓу јавниот интерес и независноста на професијата. Тоа е многу важно, тоа е првиот акт што се одигра. Второ, не дозволивме воведување на фискална каса, се заштитивме од можните контроли на финансиските инспектори да чепкаат по предметите и фајловите во адвокатските канцеларии. Успеавме да се избориме за зачувањето на тајноста на нашата работа. Успеавме помошта што ја побаравме од Европската унија на адвокати и Меѓународната унија на адвокати. Станува збот за зачувување на едно од напринципиелните адвокатски правила, повредата на тајноста на нашите клиенти. Третата битна работа е воведувањето на она што претходно го немавме, а тоа е осигурувањето од професионален ризик, како задолжително за сите адвокати. Така сме поблиску еден чекор до европските стандарди. За статутот на нашата комора и за меѓународниот акт што се однесува на адвокатурата, увидовме дека 80 % од адвокатите немаат претстава што всушност претставуваат. Затоа воведовме задолжително полагање на адвокатски испит. Знам дека тука во Македонија го нема полагањето на адвокатскиот испит, за мене тоа претставува катастрофална грешка. Тоа значи дополнително познавање на адвокатурата, мислам дека недостатокот од полагање на вој испит ќе го намали квалитетот на адвокатите. На крај, она на што најмногу се гордееме за овој период е основањето на Адвокатската академија на Србија, тоа е уште еден чекор до 7-те тешки милји за одење. Имаме 9 катедри, угледни предавачи и перманентна едукација на адвокати, кои не прават многу подобри за интересот за граѓаните, накратко, компетантни и професионални. Во тек е обемна едукација за кривична постапка, припрема за адвокатски испит, за семејно право, за правосуден испит и едукација поврзана со граѓански право.

Истовремено, заедно со мои колеги од Адвокатската комора, членуваме во комисија за подготовка на Граѓанскиот законик. Учесник сум и во подготовка на Законот за бесплатна правна помош во кој сметам дека адвокати мора да заземат многу голема значајна улога. Мора да напоменам дека тука сериозно сме во конфликт со Министерството за правда и најверојатно ќе ја напуштаме Комисијата затоа што не сакам во наше присуство да им дадеме легитимет за одредби кои не соодејствуваат ниту со Уставот, ниту со Законот, ниту со стандардите на ЕУ . Станува збор за одредби од областа на давањето на бесплатна правна помош и се од суштинско значење.

Наша последна активност е „Life“ магазинот. Пишуваме она што ги интересира обичните луѓе и адвокатите.  Кај нас се рекламираат брендирани фирми, магазинот се самофинансира исклучително од сопстениот маркетинг. Магазинот  во 10.000 примероци се доставува до адвокатите ширум Србија каде не има 8500 адвокати и отрпилика 3000 приправници. 40 % од адвокатите се во Белград.

Која е Вашата стратегија како до успешна адвокатура?

Успешен адвокат во превод значи: да ја имате свежината на дете, одлучноста и храброста на лавот, стручноста и знаењето на најголемите грчки филозофи. Морате да бидете спремни во секој момент да се вклучите и да им пружите помош на оние што бараат правда.

Последните случување со новинарот Томислав Кежаровски одекнаа на Балканот. Со оглед на специфичноста на случајот, каков е вашиот став околу изречената затворска казна?

Дефинитвино сметам дека правдата мора да биде задоволена. Секако кој направил бланкетно кривично дело предвидено со закон, мора да одговора. Ако го откриете идентитетот на заштитениот сведок, морате да одговорварате, меѓутоа казната што е изречена носи многу лоша порака и воопшто не личи на обична казна. Лично мене ми личи на одмазда,  многу е висока и непримерна, по мене е производ на антиципација, желба на „Големиот брат“ која судијата треба да ја исполни. Новинарот треба да одговора, но ова е драстична казна, самите демонстрации го покажуваат тоа.  Во овој случај правдата беше формална, не може правдата да биде само формална, правдата мора да биде животна, мора да задоволи закон, но мора да биде правична, не само праведна. Тука очигледна е политичката волја. 

Каков третман имаат српските државни институции спрема припадниците на седмата сила?

Новинарите кај нас не одговараат за ништо, туку претставуваат заштитени мечки. Јас ги бранев децата кои го имаа нападнато познатиот новинар кај нас, Теофил Панчиќ. Тој е секогаш критички настроен, пишуваше спротивно од јавното мислење, лоши работи за Србија што всушност се вистинити, Судот пресуда во негова корист, едногодишна затворска казна за децата. Убеден сум дека се степале со новинарот поради тоа што сметале дека е хомосексуалец кој ги нападнал, а не дека им пречело неговото пишување. 

Знаете, ќотекот има два краја, со пресудата се задоволи новинарската фела, но тоа беше направено на најгруб начин што се однесува по почитувањето на човековите права и слободи.


Разговараше: Паула Божиновски

Објавено: 29.11.2013