/ Прочитано:

1.073

Адвокатската комора до Управниот суд: Да се почитува Адвокатската тарифа

Адвокатската комора на РСМ достави Известување до Управниот суд заради запознавање на судиите кои што постапуваат по управните спорови заведени по тужба против конечен управен акт дека на странките им следуваат трошоци доколку имаат успех во спорот согласно членот 8 точка 10 до Тарифата за награда и надоместок.

„Известувањето е доставено со цел преземање на мерки од Управниот суд, а со цел законитост на постапување и заштита на интересите на странките во постапката“, образложуваат од Адвокатската комора.

Известувањето до Управниот суд може да се преземе на следниот линк.

М.В