/ Прочитано:

845

АДВОКАТСКАТА КОМОРА: Известување во врска со членот 461 од Законот за парничната постапка

Адвокатската комора на Република Македонија објави известување во врска со членот 461 од Законот за парничната постапка кој се однесува на стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1 000 000 денари.

Илустрација пишување

Во согласност со членот 461 од Законот за парничната постапка, во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1 000 000 денари, а за кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.

„Во однос на наведената обврска, Министерството за правда достави известување до Адвокатската комора во кое се наведува дека медијаторите кои се стекнале со лиценца за медијатор, во согласност со членот 46 од Законот за медијација, а не се запишани во Именикот на медијатори, можат да вршат медијаторски работи во согласност со одредбите од овој закон“, информираат од АКРМ.

Во моментов, известуваат од Министерството за правда, лиценциран медијатор е Валентина Арсова, тел. за контакт: 078 241 – 810 или 071 811 – 410, е-адреса: arsova_valentina@live.com.