/ Прочитано:

1.679

Агенцијата за катастар на недвижности: Извештај од регистарот на цени и закупнини

Агенцијата за катастар на недвижности го објави Извештајот од регистарот на цени и закупнини за периодот 1.7.2016 – 30.9.2016 година.

slika

Извештајот од регистарот на цени и закупнини за периодот 1.7.2016 – 30.9.2016 година може да се преземе на следниот линк.

Како што претходно најавија од Катастарот во врска со регистарот на цени и закупнини и промоција на новиот Проект за масовна процена на недвижностите, во 2017 година ќе се изврши системска процена на сите недвижности на територијата на Република Македонија и секоја недвижност ќе ја добие својата пазарна вредност.

Во февруари Агенцијата за катастар на недвижности ќе спроведе теренско собирање на податоците за недвижностите потребни за системот за масовна процена за 4 пилот-општини.

Во април ќе биде извршена надградба на е-кат системот преку кој ќе се овозможи автоматско внесување на изјавите со дополнителните податоци за недвижностите во базата на регистарот на цени и закупнини.

Во јуни Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на софтвер за статистики со кој ќе се овозможат точни и ажурни податоци за трансакциите со недвижности, како и широк спектар на статистики кои ги користат банките, проценителите, агенциите за недвижности и голем број државни институции.

Во декември Агенцијата за катастар на недвижности, по воспоставувањето на вредните зони, ќе воспостави софтвер за моделирање, односно софтвер кој преку податоците од катастарот на недвижности и базата на регистарот на цени со одредени  дополнителни параметри треба да изврши вреднување на недвижностите. Во текот на 2018 година ќе се изврши масовна процена на недвижностите за 4-те пилот-општини.

М.В