/ Прочитано:

980

Агробанка: Сведок ќе соработува со обвинителството, ќе се откријат одговорните

Среда, 15 август 2012 – Во случајот „Агробанка“ се очекува еден од осомничените да стане сведок што ќе соработува со обвинителството и да ги открие „моќниците во сенка“ кои давале директиви да се одобруваат незаконите кредити на одредени бизнисмени.

Од запленетата документација се гледало на кој начин се одобрувале кредитите и како парите биле префрлувани, меѓутоа доколку сведокот постигне договор со обвинителството, а судот одобри, тогаш ќе се знае како се постигнувани договорите, со чие влијание кредитите се одобрувале и кој се учествувал во постапката, пренесуваат српските медиуми. Сведокот можел да открие важни имиња чии идентитети не се откриваат преку запленетата документација, а всушност од нив зависеле одобренијата на кредитите. Според извори на српските медимуми, постои кандидат за сведок што сака да соработува, но се уште не е постигнат договор со обвинителството.

Сведоците ќе ги откријат „моќниците“

Истрагата продолжува во наредните денови, ќе се комплетира документацијата, а српскиот „Блиц “ пренесува дека ќе биде уапсен некој познат бизнисмен кој нелегално се задолжил со милионски кредит во банката. Се очекува кругот на осомничени да се прошири, а со тоа да се зголеми и бројот на кандидати за сведоци што ќе соработуваат со обвинителството.

Предистражната постапка започнала во февруари, а првите апсења беа на 8 август оваа година. Под лупата на обвинителтвото засега се 10 лица кои се под сомнение дека преку незаконски кредите се задолжиле 4.140.000 евра и не и ги вратиле на банката. Полицијата и обвинителството се сомневаат дека кругот на инволвирани е многу поголем, а „Агробанка“ претрпела штета од преку 200 милиони евра.

Во најблиска иднина, дел од осомничените треба да направат спогодба со Обвинителството за организиран криминал, со тоа што ќе ја признаат вината и ќе очекуваат помала казна. Нивното сведочење ќе ги открие механизмите на измама, но и ќе ја скрати судската постапка.

Обвинителот од организиран криминал, Миљко Радисављевиќ, открива дека под лупа ќе бидат сите ненаплатени кредити што банката ги дала во периодот од 2006 до 2011 година. Ќе се проверува и Народната банка на Република Србија, а даночната полиција и девизниот инспекторат во наредните денови треба да го откријат текот на парите, изнесени од „Агробанка“.